Одредби и услови на EZ Pass:

Оваа програма на EZ Pass ("Програма") е достапна од 31 март 2014 година до 31 јануари 2015 година и е подложна на продолжување или предвремено завршување според дискреционото право и слободната проценка на BlackBerry ("Програмски период"). За да учествувате во Програмата, вашата компанија или друга организација за чиј интерес сте овластени да дејствувате ("Вие") мора да има активен, локален BlackBerry Enterprise Server ("BES") и да се согласува со BlackBerry Limited или нејзината подружница или филијала што го потпишала BlackBerry Solution License Agreement ("BBSLA") со вас ("BlackBerry") според одредбите и условите опфатени или наведени овде.

Врз основа на долунаведените одредби и услови, во текот на период на програмата, може еднаш да побарате удел од Silver v12.0 лиценците за постојан пристап на клиентите ("CALs") ("Program CALs") до бројот на: (i) Вашите постојни лиценцирани BES CALs; и (ii) Вашите подобни активни лиценци за управување со мобилни уреди (MDM) од други MDM даватели на услуги (вклучени во извештаите на Gartner Magic Quadrant за MDM софтвер од 2013 и 2014 година). Мора да обезбедите важечка фотографија од екранот на којашто е покажан бројот на таквите BES CALs и MDM лиценци. Нарачките се предмет на потврдување на овие услови од страна на BlackBerry, а нарачките ќе се извршат штом станат достапни Program CALs. Не постои барања за да престанете со користење на вашите постојни BES CALs или MDM лиценци.

Ако не сте активен претплатник на BlackBerry Technical Support Services ("BTSS"), може да побарате Advantage level BTSS за Your active Program CALs и Your BES (двете програми мора да бидат верзија v10.2 или понова), а ваквата поддршка ќе биде бесплатна до 31 јануари 2015 година. Ова ви овозможува пристап до стручните лица за мобилност секој ден, 24 часа во денот, за 5 именувани повикувачи и надградби и ажурирања на BES софтверот за време на периодот за бесплатна поддршка. На крајот на периодот за бесплатна поддршка, ќе ви биде наплатен соодветниот надомест за годишната напредна BTSS програма и давачките за секој уред врз основа на бројот на вашите активни CALs. Цените и валутата се различни за секоја земја, а даноците се сметаат за дополнителна давачка. Ако не сакате да продолжите со добивање на BTSS по завршувањето на периодот за бесплатна поддршка, мора да ја прекинете нарачката написмено во рок од триесет (30) дена пред 31 јануари 2015 година, така што ќе престанете да добивате поддршка на 31 јануари 2015 година. Нарачките што не се прекинати ќе се сметаат за конечни. Со цел да се регистрирате за бесплатна Advantage BTSS (Напредна BTSS), ќе биде потребно да ги прифатите важечките одредби за поддршка.

Потврдувате и се согласувате дека: (i) Program CALs што не се активирани на BES v10.2 или понова верзија и прикачени на соодветни уреди пред 1 јули 2015 година автоматски ќе престанат да важат, а вашето право за користење на ваквите Program CAL's ќе истече на 1 јули 2015 година и програмите веќе нема да функционираат по овој датум; и (ii) врз основа на горенаведеното, вашето користење на Program CALs е предмет на условите и одредбите од BBSLA за вашето правосудство и кои било важечки прилози. Моменталните одредби на BBSLA и Бизнис услуги од страна на BlackBerry за вашето правосудство може да се најдат на www.blackberry.com/legal. Во случај на каква било недоследност помеѓу овие одредби и услови и одредбите на BBSLA или Бизнис услуги од страна на BlackBerry, ќе превладуваат овие одредби и услови.

Оваа понуда НЕ важи за пробните BES Trial CALs или кои било други вдомени BES решенија.

Оваа програма не важи онаму каде што е забранета, е подложна на измена, продолжување или предвремено завршување според дискреционото право и слободната проценка на BlackBerry и е достапна само во одредени земји.

За продолжување на процесот на нарачка за Program CALs, и ако е соодветно, за Advantage level BTSS, потврдете дека ги имате прочитано одредбите и условите и дека се согласувате со нив кникнувајќи на "Се согласувам" подолу. Ако не сакате да продолжите со процесот на нарачка или не се согласувате со одредбите и условите, кликнете на "Не се согласувам" подолу.